Јас веќе не се обидував да ја прекинам во она кое ми го имаше раскажано многупати пред тоа: “Штом Националсоцијалистичката партија и Адолф Хитлер дојдоа на власт, младината почна да маршира по улиците по тактот на воената музика.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Опа! - извика Виктор, но Ивона го прекина во миг. - Не, не е тоа што мислиш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Комбинација на комично дејствие со конец кој се прекинува во моментот кога човекот ќе падне мртов”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Требаше да се јави веднаш за да го дослужи воениот рок прекинат во српската војска во 1915 година.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Марче, ти ли си? - ѝ свика Ване од грб, но во истиот момент се покаја не дека ја прекинал во учењето туку дека ја уплашил со својата појава.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во тие моменти постојано страхувам да не заѕвони телефонот, или пак некој да не ни дојде на гости и да нѐ прекине во разговорот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Дури и сега беше сосем можно дека тој е само многу зафатен човек, кој нерасположено се прашува зошто го прекинуваат во работата. Никој не зборуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)