прекине (гл.) - тишина (имн.)

Едно долго ѕвонење ја прекина тишината во домот на Крстиќи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во миговите на покајувачка сите страдања врескаат во мене, во ранлива фаза се обидувам да ја прекинам тишината како потисната атомска енергија, но одмаздата не носи мир, ниту нов почеток.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа веднаш го сфати и градоначалникот, и ја прекина тишината: – Да ги оставиме дискусиите за подоцна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Остана сам, му реков потоа, колку да ја прекинам тишината.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Татко ја прекина тишината: Никогаш Езерото не било олку мирно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најпосле Доста прва ја прекина тишината: — Ајде, Илко, да си легниме, — прошепна таа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)