Му кажав дека јас и синовите сакаме да преземеме иницијатива, амбулантата каде што ти работеше да го носи твоето име (бидејќи, истата немаше име).
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко презеде иницијатива: Ние, мој Камилски, сакале или не, мораме да ја завршиме нашата мисија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Започнавме можеби преамбициозно, како да имаме време до вечноста.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Ја сум Ивона. Ивона беше таа која ја презеде иницијативата подавајќи му ја својата рака на Виктор со сочна широка насмевка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
XXIII Јагулче Дримски се почувствува препороден, празничен. Веднаш презеде иницијатива.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Ете зошто, како што му кажав и на Гоце - рекол Мечето - ти изјавувам и тебе: ние сме решени по секоја цена да го спроведеме во дело нашиот план и нека од него и од други слични што би можеле да се извршат по градовите и пругите низ Македонија турската власт се држи постојано во напрегнатост, нека постепено се истоштува материјално и морално, од што ќе може да се види во која мера големите сили ќе бидат готови да ја преземат иницијативата за една интервенција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)