Во Франција, во напорите за одржување на водите и горите, со декрети на Колбер во 1669 година, ќе се предложат во серија забрани против вековните обичаи за да бидат „зачувани шумите од отровните заби на козите.”
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од тие причини Маклин бил испртен со група воени стручњаци да состави исцрпен извештај и да го извести главниот командант на Блискиот Исток, генерал Вилсон, за најдобриот начин за давање на помош.36 Во разговорите со командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел подобрување на британската организација на мисиите на територијата на Југославија, Маклин предложил во секој ГШ да се спушти со подобран по еден офицер за врска со радиостаница.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во разговорите со командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел подобрување на британската организација на мисиите на територијата на Југославија, Маклин предложил во секој ГШ да се спушти со подобран по еден офицер за врска со радиостаница.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Меклин предложил во тек на една недела, која требало да се поклопи со почетокот на повлекувањето на Германците, партизаните на копно, а сојузниците на море и од воздух да извршат низа добропланирани и кооридинирани напади над непријателските комуникации во цела Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Согласен сум, брате мој, со предлогот, не сме ние тие кои ќе предложат во историјата брзо да се промени смислата на овој збор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така Татко и Камилски ја завршија работата околу зборот табиет, за кој претходно мислеа дека ќе имаат многу работа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тоа беа согласни Татко и Камилски, но, сепак, требаше да се дојде до компромис: или ќе се предложи во речникот на излитените балкански идеи, зборот јаничар(и), со сите изведенки, кои ја прошируваа смислата на зборот, или го влеваа неповратно зборот во текот на новите значења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)