Најголеми добитници од овој тренд да се претставува културната различност како невина и безопасна разновидност се оние маргинализирани групи што сè уште го носат тешкиот товар на некоја стигма и чие однесување во јавноста, затоа, и натаму предизвикува силна и широка одбивност: Афроамериканците кои си го зборуваат црнечкиот англиски во белечко друштво, геј-мажите што се бакнуваат на улица, буч-жените што заземаат лидерски улоги и наметнуваат авторитет над мажите или лицата со посебни потреби кои со тешки маки и упадливо се трудат да совладаат некој простор што не е скроен за нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ручекот се вари на шпоретот и ја исполнува собата со миризба што предизвикува силен апетит.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ако се разделуваат сосила, ќе се предизвикаат силни извори на негативна енергија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кодираните, посредните, имплицитните, фигуративни претстави што некако успеваат да ја пренесат „хомосексуалната склоност на светот“ и натаму предизвикуваат силна привлечност со која некодираните, директни, експлицитни и буквални претстави на геј-мажите и на машкиот геј-живот тешко можат да се рамнат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Земеме парче железо продупчено од една страна, или голем фишек, го наполнуваме дупчето со барут, потоа со тап клинец врзан со жицата го затвораме дупчето со барут, а потоа со силно замавнување го удираме клинецот од камен; тој удира во барутот и предизвикува силна експлозија.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)