А овој позитивен пример се издвојува и по навременото координирано дејствие на работниците - тужители кои, кога беа обвинети за предизвикана штета на компанијата, ги пронајдоа сведоците и земаа нивни писмени изјави, пред да помине подолго време во кое може да се манипулираат истите или, пак, да заборават детали за настанот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оти како што вели самиот: „Златна фирма ја раскрчмија, а оние кои не им одговараат ги фрлаат на ѓубриште!“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тие се следниве: (1) неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена, со прекин, во текот на една година; (2) злоупотреба на боледувањето; (3) непридржување кон прописите за заштита од болест, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни ма- терии и повредување на прописите за заштита на животната средина; (4) внесување, употребување или бидување под дејство на алкохол и наркотични средства; (5) вршење кражба или ако, во врска со работата, намерно или од крајно невнимание, биде предизвикана штета на работодавецот; (6) злоупотреба или пречекорување на даденото овластување; и (7) оддавање деловна, службена или државна тајна.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако повеќе работници предизвикале штета со намерно казниво дејствие, за штетата се солидарно одговорни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако за секој работник не е можно да се утврди колкав дел од штетата предизвикал, сите работници се еднакво одговорни и ја надоместуваат штетата во еднакви делови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако повеќе работници предизвикаат штета секој меѓу нив е одговорен за оној дел на штетата што го предизвикал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Архивските броеви под кои се заведени предметите во Основниот суд – Скопје II се: П.бр. 2981/01, V РО.бр. 78/07 и V РО.бр. 1175/09; а пред Апелациониот суд Скопје: ГЖ бр. 5345/03. 2. Работникот кој на работа или во врска со работата, намерно или од тешка небрежност, му предизвика штета на работодава- чот е должен да ја надомести.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)