предизвика (гл.) - некој (зам.)

Му идеше како дете да се расплаче, но се плашеше да не би со тоа да предизвика некоја незгода и за братучедот Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако успее во тоа, толку подобро за Македонија, но, ако од разни причини не успее, а се предизвика некое парцијално востание за какво што агитирале и работеле врховистите, и едните и другите нека ја сносат одговорноста.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Американците сѐ уште им верувале на Британците за оправданоста на нивните планови во врска со Балканот и стоеле зад нив.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, овие информации кај американскиот политички естаблишмент не предизвикале некое поголемо возбудување бидејќи Балканот, а со тоа и Македонија, биле во сферата на британскиот интерес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прашав само затоа што се плашев со моето непознавање на околината да не предизвикам некои непотребни тешкотии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Слично на полжавот, тој своето лигаво минато го остава зад себе како невидлива, проѕирна трага, а иднината му стрчи на грбот како куќичката на полжавот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тоа е толку лесно што предизвикува некое врвно уживање, некоја смиреност и среќа каква што не познаваме на Земјата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)