предвиди (гл.) - и (сврз.)

Неговите потиснати мисли биле далечни еха на тие зборови но со поинакво значење; го предупредувале да го предвиди и најмалото зло што можело да ги демне од своја тврдина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утврден беше максимален износ до кој правното лице може да исплати регрес на годишен одмор, и тоа најмногу до 60%, а беше предвидена и исплата на најмногу до двократен износ за отпремнина при заминување на работникот во пензија (чл. 12, ЗИПДНД/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста и ако докаже дека штетата настанала исклучиво со дејствие на оштетениот или на трето лице, кое тој не можел да го предвиди и чии последици не можел да ги избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Добро. Ако треба и со тоа животно ќе се зграпчиме за гуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина што се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди, ниту да се избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)