По овие се изредија којзнае уште колку пратеници на кои султанот им одговори кратко и ги испрати да ги предадат неговите одговори на нивните господари.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И затоа, во мигот кога видов дека попуштам кон него (беше тоа една летна ноќ, на кејот на Вардар во Велес, кога речиси водевме љубов), јас решив да го опоменам, да го навредам, да го оддалечам од мене; и јас ја предадов неговата збирка песни во Партијата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Имав чувство дека сум открил некакво ново значење, ново време на татковото низ моето враќање во Цариград и сум ја предал неговата порака на други автори слични по судбина и ориентација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Се ослободи од неа оној ден кога ја изврши желбата на Илко: кога во Месниот одбор го предаде неговото завештание: гобленот и амајлијата со дијаматното камче.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)