Си ја подигна прочуената Исхак-бегова шарена џамија, ама и покрај неа една од најпознатите медреси во Румелија, во која науки предаваа голем број познати мудериси на исламскиот свет; разни конаци; туљбе; и други згради; а во чаршијата - безистенот, Сули-ан, Чифте-амам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тука е и најголемата иронија на целата оваа дебата; сите тие големи научници кои ја одбиваат потребата за научно истражување на процесот на преведувањето, поради неговиот низок статус во академскиот свет, во исто време им предаваат голем број преведени дела на студенти кои зборуваат еден јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)