прегрне (гл.) - со (предл.)

Цврсто се прегрна со Татко како да не се виделе цел век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Букинистот убаво го позна, ја симна беретката од глава, се прегрна со Камилски и радосно му рече: Monsieur Clement, каква среќа што те гледам жив и здрав, мој Шпанецу, мој Балканец?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дијагонален зрак, имав обичај без некоја посебна причина да помислам, дијагонален зрак, а потоа: Агна, спиеш ли?, ќе ѝ речев, за таа да се разбуди и така мека и топла да ми седне в скут, да ме прегрне со десната рака околу вратот, и да се загледа во сонцето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ги зеде, ме бакна во образот (беше тоа страотно спокоен бакнеж; наликуваше како да сме на железничка станица, како да го испраќаме на викенд од кој тој сигурно и брзо ќе се врати); потем се прегрна со Земанек, се бакнаа и му рече: „Издржи, добиче селско!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко, не мене, ами Борко го прегрна со едната рака и го прибра до себе и, слушнав, како тој да бил болен и одделен од дома, а не јас, го праша дали сака од зелените или од црвените бонбони.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Излеговме прегрнати со Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господ знае какво семе 'рти во нас и нѐ тера да ломотиме дека човек спие во пештера прегрнат со мечка како со жена.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој знаеше. „Од прикаските за дедо му или дедото на тој дедо навистина се паѓа во гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Излезе маж во одминати години, трипати се прегрна со Исо и без да праша кои сме и од каде, истото го стори и со нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја прегрнува со големите рачишта подгрбавената старица и мрмори некоја благодарност.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)