преговара (гл.) - со (предл.)

Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во 1868 година Србија тајно преговара со бугарскиот Букорешки комитет за создавање на една јужнославјанска држава во која покрај Србија и Бугарија ви влегле уште и Тракија и цела Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Или отиде да преговара со Хилмипаша во Солун?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред покренувањето на спорот таа не преговараше со директорот, а по групното обраќање до Трудовата инспекција, од таму не беше преземено буквално ништо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За покренување тужба Ангелеска дефинитивно се решава по заедничкиот разговор со останатите вработени кои беа во иста незавидна положба како и таа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сетики, никогаш не стана свесен за ужасната бесмисленост на своите производи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Море, остана жив желен по Демирхисаријата, туку којзнае до кога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)