преврзе (гл.) - со (предл.)

Му го собу чорапот, му ја изми раната, ја намачка со јод, ја преврза со завој и му го обу опинокот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тешко ранетите само провизорно беа преврзани со валкани, окрвавени завои и крпи. Под нив се гледаа загноените рани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Застанал зетот пред врата и сите сватови на коњи, наметнати со белите јапанџаци, на главите фесови тунузи преврзани со белите чалми, опкачени сите со пиштоли жолтомедни, а на нозете сите со скорни црвени.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мајка му, преврзана со црна шамија, истрча надвор и изненадено праша: - Втаса ли, мој мајкин домаќин?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Лево, напред, врата, а во дното долап; меѓу прозорците огледало од горе малку спуштено и украсено со крпа со домашен вез во форма прозорец со расечена завеса и од горе на среде преврзан со корделка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Напред одеше Гојан, а по него Огнен. На Огнен му беше левата рака преврзана со бел завој.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)