прашува (гл.) - татко (имн.)

МАРА: (на Анѓелета). Види таму што те прашува татко ти!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од каде кај луѓето заборавот, се прашуваше татко ми!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Руски, што сакаш да речеш“, велам јас, „дека може да го предадеш и во делови?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еден ден го прашував татко ми за мајка ми и тој ми раскажа дека ние сме дошле од Чемерика во Крњево, јас тука сум се родила, мајка ми била вистинска Крњевка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„А зошто не пишува“ прашува татко ти „во каква состојба треба да се предаде“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Камилски го прашуваше Татко зошто со толкав број османскотурски зборови балканските народи не би можеле меѓусебно да се разберат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)