прашува (гл.) - тој (зам.)

Кога Џонс објасни дека тоа не се конзерви од пиво туку дека му било потребно многу време и напор да ги направи, и дека би можела да забележи дека не се со иста висина (т.е. дека не се симнати од иста фабричка лента), зошто тогаш, се прашува тој, таа беше придобиена?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Секоја будала може да каже дека тоа е метла“. (...) Цигарите во Лос Ангелес кои ги потпиша Дишан и кои беа испушени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двете ситуации не се чисти и на ниедна не и давам предност”. (...) Една дама, разлутена заради изложените конзерви од пиво во галеријата, рече, „Што прават тие овде?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто? - прашува тој и наоколу коси со погледот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дали контролата на Партијата над минатото е помалку силна, се прашуваше тој, затоа што едно парче доказ што не постои повеќе некогаш постоело ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„А жената?“, прашува тој. „И таа сака овде“, велам јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За каде, ме прашува тој на касата. За нагоре, му велам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Си спиела ли некогаш со машко, ме прашува тој.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Повеќепати имам водено такви разговари - повторив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кога? Каде се случи тоа? - прашуваше тој речиси задишан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Кој разговор ве интересира?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој чувствува дека тоа клопче што досега Максимилијан Мертен го плетеше со споро и тактично темпо, со доаѓањето на двајцата главешини на СС ќе добие забрзување и дека сите ќе бидат задушени во него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Може ли да им се верува на комунистите?“ - гласно ги прашува тој.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одеднаш, еве еден постар човек. - Што е ова? – ги прашува тој децата. - Кое? – се чуди Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Па зар не сум пораснат? – прашува тој за секој случај. - Е, ти треба уште малку.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа го слушнав другиот чичко како го прашува тој што разговараше со мене:
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„А железово нема да го фарбаме?“ а другиот рече, „Е, сега, сите ако ги фарбаме до никаде нема да стигнеме“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„А настапија денови кога има за што да се разговара, нели?“ го прашува тој по сè изгледа татко ти и уште се двоуми каде да седне, на миндерлакот или на столот од онаа страна на масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Знам дека сум досаден“ вели и сепак тргнува кон столот покрај масата, „знам дека сум досаден, но кога е во прашање мајчица Русија, спремен сум да сторам и поголеми глупости“, се смее тој и тешко дише, онака со отворена уста, и одеднаш се спушта на столот покрај масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мене ме доведе кај тебе важно дело, дарагој Семјон“, вели тој и веќе се гледа дека однапред му се радува на учинокот на својот вовед.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
"Знаеш ли колку е тесен и висок бунаров под бозделот? ", ме прашува тој и се насмевнува, ама знам оти сака да ме изненади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А кога нешто не се смее, зар се важни причините“, невино прашува тој и тропка со прстите по масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ме знаеш ли мене добро? – прашуваше тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Росана? - ме прашува тој а демончето дрско излезе од окото и сега се засолни под неговата густа веѓа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Па зарем не би било интересно” го прашуваше тој патецот на нејзината коса, “кога патувањето низ времето би било можно?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)