Така си помисли дедот Петко и праша во крчмата дали не бил тука поп Трајко?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И не се праша во таа куќа, дали е делник или празник: коприната шушка од утро до вечер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Што значи тоа? - прашуваат во ист глас детето и чавчето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се распрашуваше по сите можни кафулиња, дискотеки па дури му дојде идеја да праша во еден реномиран хотел.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И ако прашаш во кое време , знаат и во одговор ќе речат дека тоа станало во времето на грчкиот цар Михаил, бугарскиот кнез Борис моравскиот кнез Коцељ - во годината од создавањето на светот 6363*.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ме праша во каква врска сум со ученичката Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
МИТРЕ: Стрико ти Коте прашува во кој вилает ќе одиш.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Го прашав во себе, иако знаев што бара и што очекува од мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
По неа и втора, сега поблизу до пишпирк и Барбут- бег, и тие легнаа на земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Го прашав во себе што му е смешно.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Утот ми одговори на прашањето: Очекувам од тебе сказна. Каква сказна? Прашав немо.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
„Томаица, што ти треба?“ ја праша во шепот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Да не е таа? – се праша во себе и плусна со дланките.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ами ако е навистина некоја маѓесница, вештерка и мене да ме натера да рипнам од пенџер? – се праша во себе суеверниот кадија и се стресе, убеден дека и такви има на светов.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Прашајте во Оклахома кого сакате, сите ќе ви речат дека е така. Јес, мистер.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ами сега?“ - се праша во себе Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Двете планини се перчат и потајум си се прашуваат во себе која прва ќе се престори во небесен конец за да се оптегне од Сонцето до Месечината. Зошто да не!?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)