Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но којзнае како, комшиите веќе начуле, па гласно си шепотеа да се слушне до чаршијата: „Наќе го пратил синот да учи за молер!”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)