Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По случката со аскерот во Мечи Дол, мудурот и јузбашијата не посмеаја да праќаат потери по него додека не добијат уште некој табур војска од Прилеп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)