Ако комунистите постојано се напаѓани токму поради ова, која е легитимноста тоа да се прави ако истовремено пазарот се става пред луѓето, ако за флексибилноста на пазарот на труд некој се чувствува надлежен да ги жртвува правата на трудбениците?!
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На крајот комитите му кажаа сѐ што треба да прави ако сака да се смири со другарите и дедо му повеќе јатак да не биде.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Што ќе правам ако го изеде?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но што да ви правиме ако не верувате дека е токму ваков?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
ме нацрпува и ме крева в раце Горачинов и ко невеста ме внесува во кабината, да не сум ти тешка, му велам, чевлите ти се тешки, ми вели Горачинов, тоа е најтешкото на тебе, ми вели, а пред вратата аплаудираат и Силјан Лилјаков и Филип Хаџиевски и Ристо Коларов и Лазор Рогожаров, што ќе правиме ако нѐ разделат, му велам на Горачинов, ништо, вели тој, в затвор не можам да те изневерам, а на бесилка уште помалку, ми вели и ме легнува на креветот, којзнае дали ќе ме сакаш после, му велам, којзнае дали ќе можеш да ме сакаш,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)