А штом и Милдред Пирс ќе почне да се гледа како претеран филм – како „изнасилен“ – односно, штом ќе престане да се сфаќа направо и штом ќе почне да се гледа со извесна доза на оддалеченост, надменост и иронија (како што не го гледала неговата првобитна женска публика од работничката класа), филмот се лишува од правото на трагична достоинственост, исто како Најмила мамичке, и беспомошно тоне во унижениот статус на мелодрама, на оној презрен и абјектен поджанр.
Геј-мажите, и покрај сета своја културна различност од стрејт-мажите, се сепак мажи, па нивниот однос кон мелодраматичната сцена на мајчинскиот судир затоа мора да се разликува барем во еден пресуден аспект од емоционалната вклученост на гледачките кои биле главната цел на класичните филмови со Џоан Крафорд и кои, во секој случај, ѝ биле најголемите обожавателки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мора да биде понеостра од идентификацијата на жените, кои можат да се препознаат во Крафорд врз основа на заедничката општествена положба, на заедничките искуства, борби и стремежи – односно, врз основа на некој степен на идентитет.
Геј-мажите, сигурно, можат да се идентификуваат со Милдред Пирс, но, бидејќи се мажи, не можат тоа да го прават направо и неиронично.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Колку и да е занесна и делириумска идентификацијата на гледачите мажи со ликовите од филмот, во нивната идентификација посредник е нивната родова различност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)