Правам многу грешки, па од таа позиција не се сметам за компетентен да давам совети или формули никому.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„Сендвичиве ги прават многу подобри од порано.“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Требаше пред сѐ да ја измијам, облечам и нахранам Ели, а тоа не беше лесна работа. Таа разгаленка ми правеше многу незгоди.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пак подразмисли Ризван-бег, па се усмивна:
„Се правиш многу ачик, ама дали си таков, ибн Бајко ефенди?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но немав избор, па се помирив и ги послушав, тајно решавајќи страшните приказни да ги одложам до Маврово, за некое време кога насамо ќе останам со Дена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Разбрав, си реков помирливо во себе, и уште си реков – овие поим немаат како се постапува со мали деца, а ми се прават многу умни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
(Сѐ она што таа подразбира под „особини на кучето”, всушност мисли на особини што треба да ги има детето - мало, слатко, лесно за одржување, да не прави многу врева...).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Некогаш по многу врнежи, таа правеше многу штета, ќе надојдеше како порој и сѐ околу неа ќе одвлечкаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во селото се правеа многу свадби и ме викаа да помагам, одев и кај роднини и кај јабанџии да им помагам, зашто многу убаво го месев лебот, посебно убаво месев мајалник – наутлија, тоа го научив од стрина ми Риска.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)