Дистанцијaта на настраните за општествениот свет (онака како што е дефиниран и натурализиран од хетеронормите) и акутно свесната свест што ја имаат за разните облици во кои животот им се пројавува на разни луѓе, неизбежно исходуваат со несведлив критички став.
Настраната преработка на личното и на општественото искуство излегува, со други зборови, дека е продуктивна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој вид практично општествено промислување и вторично обработување што настраните го прават инстинктивно, нужно, е секако корисно за секого и му е својствено на секој уметник, на секој стилист, на секој готвач, на секој богослов, без разлика дали е геј или стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што вели Мајкл Ворнер: „Настраните се зафаќаат со еден вид практично општествено промислување барем кога изнаоѓаат начини на настрано суштествување“.470 Тоа практично општествено промислување побудува вторична обработка на непосредното искуство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Несомнено, „успокојува тоа што големо мнозинство од гејовите“, како што напиша Едмунд Вајт во 1980 г., „се еднакво филистејци како мнозинството стрејтови“ (еден од благодатите на геј-ослободувањето, тврдеше тој, ќе биде ослободувањето на „многу бездарни души“ од поривот да создаваат лоша уметност, за да се ослободат да си станат водоводџии и електроинженери).472 Но, работата не е во тоа што самите геј-мажи се родени „уметници“, иако сите се отуѓени, донекаде, од необработеното искуство (што може да биде објаснување зошто оние геј-мажи што не се родени уметници сепак чувствуваат настран порив да создаваат уметност, како што приговараше Вајт).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа, всушност, е суштинска за уметностите – за книжевноста, за креативната и критичка мисла, за културното создавање воопшто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)