Неуспешно се обидов да не изедам повеќе од едно копанче, но кога се противев против второто, цревата повторно почнаа да ми пеат и тетка ми Марија не издржа а да не искоментира, - Еве, уште си гладен, ти крчат цревата! - и да ми тутне уште едно парче месо во чинијата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Додека нечујно се обидував да правам стомачни, го слушнав казанчето како за последен пат пушта вода пред стапките на тетка ми да се оддалечат во ходникот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)