Сакав да го прашам, ама Абраш со строг глас продолжи: - Немој да се правиш невешт, - рече.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но зашто беше невешт со иглата и со конецот, или се правеше невешт, Василица, за да го мазне што побрзо од дома, сама му ја соши петлицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од тие неколку невини и копнежливи љубовни погледи, додека мајката, кинејќи го со заби конецот го крпеше Десимира, се изроди сета идна несреќа на чупата и на сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Која работа? – се правев невешта. - Знаеш ти добро за што зборувам, за тепачката!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ја негувам таа вештина, да притиснам каде што боли а да се преправам дека ја поттикнувам насмевката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Сакаш да речеш дека Таша изразила желба јас да ѝ го подготвам сандакот? - се правев невешт.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)