2. А тој пусти снег си редеше, си редеше... Шшш, без многу врева, шшш, секој шум го попиваше како цариградско кадифе: секоја викотница ја правеше мека како урда: а секоја смеа како истурање на ѓулсуи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)