прави (гл.) - исклучителен (прид.)

Веќе ги спротивставив различните родови положби во кои спортовите и изведбените уметности, соодветно, ги сместуваат машките изведувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И едните и другите се состојат од активности што ги прикажуваат дарбите на обични луѓе, на луѓе како нас, кои сепак прават исклучителни нешта – нешта што речиси секој може да ги прави до извесна мера, како, на пример, да фатиш топка или да пееш, и што, затоа, секој може да ги разбере, но кои мошне мал број луѓе можат да ги прават онолку вешто и величествено.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи и спортовите и изведбените уметности важат за масовни разонодни занимања и за јавни приредби, може да изгледа дека предизвикуваат идентични реакции кај своите публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И спортовите и изведбените уметности приредуваат настапи во кои ужива бројна публика, и таму во живо и далеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)