Пред да ја слушнам неговата реакција, јас охрабрен продолжив: - Фан Ноли уште тврдеше: ги почитувам рисјаните, муслиманите, будистите, протестантите, хебрејците, атеистите... ќе ги почитувам сѐ додека прават добри и чесни работи!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мала е фирмата, но прават добар промет.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Лествичникот се возвишува пред другите и прави добри дела само заради пофалба од логотетот; неговата свеќа во храмот свети само додека има луѓе што ја гледаат и ѝ се воодушевуваат, велеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сакајќи таа осаменост да ја покријам, влегов во филм да правам добри дела за луѓето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)