Почна скоро и да не прави разлика меѓу Толето и Крча.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Општествената атмосфера наликува на атмосфера во град под опсада, во кој поседувањето на едно парче коњско месо ја прави разликата помеѓу богатството и сиромаштијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не правев разлика дали се тие сини, зелени, црни или кафеави, дали се ситни или крупни.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Затоа ние не можеме да правиме разлика меѓу западни и не-западни или меѓу колонијални и постколонијални нации.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Откако уште првиот пат, сето јаделиште што го донесоа го разделија, најправедно што можеа без да прават разлика помеѓу војник и офицер, додека седеа стуткани еден до друг во окопот на земја, им се приближи она едно Илија од Русе.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Некои американски анализи покажуваат дека голем процент од американските деца не прават разлика помеѓу секојдневието и телевизиската стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сосема општо правам разлика меѓу завршеток и крај.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Се сеќавам, некаде сум прочитал, дека немоќта човек да се изразува и да се менува преку акција, ја прави разликата меѓу смртта и животот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
По ова би можело да се заклучи дека не правам разлика помеѓу вродениот недостаток и недостатокот од едуцираност.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Турските власти во критични ситуации обично не правеле разлика - за нив сите христијани, без разлика на националната и црковната припадност, биле еднакво опасни за режимот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Наспроти турските власти, коишто секого што се борел против нив во Македонија го прогласувале за “бугарски злосторник“ и немале сметка да прават разлика меѓу Револуционерната организација, Врховниот комитет и гемиџиите, некои од дипломатските претставници на големите сили се потрудиле да навлезат во суштината на проблемот и да откријат кои се всушност, гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Треба да се прави разлика помеѓу она што Теоремата го тврди од една страна и нејзиниот доказ од друга.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Зошто да правам разлики? ... Нема јас да пеам славопојки...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Мудурот не правеше разлика меѓу нив, кој зошто е затворен.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Се обидувам да правам разлика помеѓу она што го сметаме за изместено и она што ќе го наречеме лудо - прекорно ме погледна Б.С..
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Разликата е на пример слична, како кај она: едниот го сакаме а другиот ни се допаѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
(напати ти се привидуваат
пештерните манастири околу
Белото, лихт луминозно езеро
- она понасевер од Делфи
и од Костур -
светилиште само по себе
облиено со внатрешен сјај
од белки на монахинка
среде коишто, во драматичен контраст
се вовира зеницата, духовниот рез);
- многу мислиш, а малку искажуваш
јазикот за тебе поскоро е молвење
од разговор, сѐ е ВНАТРЕ
и ти, и Тој, и исказанието
и дослухот меѓу вас
и предметот дури се вовлекува
во тој, невидлив за другите, Круг;
- и повеќе не правиш разлика
меѓу искреноста и вистината
со денови се повлекуваш во себе
секнуваш, понираш, остинуваш
стаписан, онемен, оти си согледал:
не е лесно да се биде искрен!;
- и повеќе не е битно дали нешто
те повикува без престан
да му припаднеш, сестро Варваро
или просто посакуваш
од дното на душата
од нејзината небесна бездна
да постоиш блажено
во согласје со себеси
и навистина повеќе ништо
друго не е суштествено
освен:
да ја бараш сопствената сенка
сѐ додека не си соѕидаш самица
а во неа си - Лице без сенка:
м-о-н-а-х!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)