прави (гл.) - преврска (имн.)

На дното на бродот беа сместени луѓето со веќе заздравени рани, додека во кабините беа тие, на кои требаше да им се прават преврски.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Идат и до мене, ми ја откриваат ногата и ми прават преврска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само знам дека е така, дека некаде преминувам мост во истиот миг (но не знам дали е истиот миг) во кој момчето на Ривасови го прифаќа чајот и си го мести најдобриот израз на кретен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како да правам преврска за сѐ уште неповреден војник и чувствувам дека ми годи што му олеснува претходно, однапред. Нека страда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)