прави (гл.) - нешто (имн.)

А јас дури правев нешта незамисливи сега, од оваа перспектива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зашто во овој свет, ако гледаш и размислуваш, никој не прави нешто што не му треба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се прават нешто што знаат дека не се. Тие се наречени шминкери.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие прават нешта на кои јас и не би помислил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова што е направено за оваа ноќ веројатно утре не ќе задоволува, само сега веќе никој нема ни силки ни желба да прави нешто повеќе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие не прават нешто за да бидат пофалени, тие го прават тоа од човештина, добрина, чувство за солидарност и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Major Victory, меѓу Викторијанизмот на нивната пркрасна куќа, останува клучно уметничко искуство, перформанс на совршена рамнотежа и мистерија што ве остава збунет, токму како и вистинската природа на нивните животи заедно, нивното финално кодирање.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За уметниците чија работа е нивната сопствена митологија, дилемата е во предметите, објекти коишто можат да се собираат, во императивот да се прават нешта за да се заслужи името уметник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Многупати правиме нешта што не ги сакаме, или не правиме ништо за нешто што многу го сакаме.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)