Потковицата и тогаш беше запоседната од фашистички војници и полицајци, божем пак беа дојдени за да прават маневри а всушност ги правеа поранешните работи - ги гонеа партизаните и ги одземаа вилната и млекото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
XXVI Војската одвреме навреме правеше маневри на положаите над село, вежбаа, и на луѓето сè повеќе им втеруваа страв; очекувајќи секој момент да започне борбата, ги зафати несоница и по цели ноќи не спиеја; секој лавеж на кучињата, секое рикање на добитокот секое плачење на децата по куќите - ги плашеше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тогаш Митра Ризеска, ќерка му на Анѓелета Ризески Козето отиде бегалка за Алекса Станкоски Брчето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)