Само ја турнав чинијата за да ја оставам Маци да ја излиже, но уште пред да ја тргнам раката Маци ја подаде шепата за да ме гребне.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Татко, убеден дека јазикот на пријателството не го прават зборовите туку значењата, навидум се сложи со предлогот на Камилски, верувајќи дека, сепак, тој до крајот на мисијата ќе го промени своето мислење...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Постојано ме гледаше како да зборувам за некоја ситна, љубоморна женска караница, па можеби тој негов поглед ми ги правеше зборовите толку бесмислени и не ми дозволуваше да се оправдам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
LV Ориентализмот душманлак беше повод помеѓу Татко и Климент Камилски да се разгори нова дебата, нивната потрага да добие нов тек, односно да се врати на почетната замисла да се трага само по заемките со, наводно, опасна конотација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)