прави (гл.) - живот (имн.)

Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми, насобрани на чешмата пред кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму се и Танаско и неговата Пена, таа насетува дека за нејзиното вработување сигурно е заслужен Танаско, сполај му на Господ, наспроти нејзината црна судбина, сѐ туку има од мајка родени што ѝ го прават животот снослив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пискаа, стенкаа, се советуваа што да прават живот да спасат барем тие што ќе останат по ќотеков денешен и решија да му понудат на бегот поголема сума пари да га остави барем живи, та маките ќе ги тргаат што ќе ги тргаат, алипни до живживоти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А за да биде сосема приврзан за неа, Митра ја излеваше сета своја женска нежност и му го правеше животот пријатен, толку повеќе што и таа не го сакаше својот стар маж Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тој цела ноќ мисли што да прави утре со затворниците и застана на тоа: „Да земам некоја пара повеќе, та иако дојдит за бегање, барем да не одам со гола рака во Стамбул", — си заклучи и го викна утрото рано јузбашијата да се договорат колку пари да земат и како да ја изведат таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најмногу ме интересира да ре-креирам ситуации и прашања и загатки кои се однесуваат на бројните суштински животни мистерии што го прават животот интересен и прекрасен. World Art,#2/96 превод: В. С. 112 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Истовремено си го прават животот поинтересен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)