прави (гл.) - дупка (имн.)

Вујкото му рекол: А бре, внуче Лазо, зошто не го приберете детето, секој ден е на гробот на мајка му, само прета околу гробот правејќи дупки. Цело село го жали.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Маргина“ ќе има двојна функција: од една страна да ги „пополнува дупките“ на комуникациски рудиментарната македонска култура, а од друга страна токму треба да прави дупки!
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сама правев дупки на гробот мислејќи дека мајка ми ќе се сожали и ќе стане.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Добро плива краул, кога се смее ѝ се прават дупчиња на образите. Ја сакаат, таа нив уште повеќе.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)