прави (гл.) - движење (имн.)

На перонот останаа тие мои најасакани суштества на светот, а нивните раце правеа движења како птици во лет и стануваа сѐ подалечни и едвај видливи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
(Евто го зема Михајло под рака. Го влече зад себе. Прават движења како кружно да летаат низ собата. Удираат од ѕид во ѕид. Несигурно се смеат.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како се вика тоа? - почнав со рацете да правам движења како со одзатнувалка, но тетка ми не ме гледаше, туку само ја искривуваше устата и ги кокореше очите уште повеќе додека матната вода се впиваше во нејзиниот драгоцен теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За време на полчасовното џогирање по часовите, смислуваше тактики за спроведување на својот план.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еднаш се сети на зборовите на Кјеркегор: „Што е поетот?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на Рајнер, во сенката на неговиот поглед, во ехото на неговите зборови, се откриваше нешто што наликуваше на потекување на крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Стариот мој да нѐ види вака, кожинката би ми ја одрал.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А сега тишина и гледајте: вака се држи воланот. На празно не смее да се врти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Прва, па втора, па трета, па четврта...“ правеше движења божем менува брзини.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Докторот Татули вели дека многу луѓе имаат ваква појава, на некои им се случува и дење, будни а да чекорат занесено, замислено, прават движења и работи кои не им доаѓа од свеста, туку така механички: гледаат, и не виѓаат, слушаат, а не сфаќаат, отсутни се - сѐ дур некој не им свика или не ги сниша за рака и не ги оттргне од таа занесеност...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)