прави (гл.) - некаков (зам.)

Татко, еден ден, си правел некакви есапи со судбината, првин насамо, а потем и во присуство на Мајка: уште колку ли ќе живее?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не знам што си помисли кога ме виде така збунета, но јас тоа што го помислив беше дека не заборавил ништо, но како да правеше некаква проверка дали сум во станот, дали не повикав веднаш некој да дојде...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Седевме така некое време, кога на Змејко му здодеа па реши да слезе долу каде што работел човекот и правел некакви води за чистење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со помодрените усни правеше некакви движења, да каже нешто, да изрази нешто, но ништо не ѝ успеваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги скопела мажите и правела некаков гулаш од човечки јајца.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко ми прашуваше во своите писма дали сепак правам некаков напор?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Понекогаш се чудиме зошто ни се случуваат некои работи кои не ги сакаме тогаш, заборавајќи дека некогаш многу порано сме ги посакувале, потајно сме правеле некакви активности за да дојдеме до нив, но тогаш не било созреано времето за нивна реализација.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На железничката станица долго ме гушкаше и ме советуваше: „Умен да си, бабин. Да не скиташ. Да не се тепаш. Да не правиш некаква беља.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дојде времето кога Мајка повеќе немаше доволно брашно, не можеше да го меси тестото за макарони и за пити, па од него правеше некаква каша со која ја залажувавме гладта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)