Стојан си појде дома и уште од порта, ни не растоварени маските, почна разговор со Неда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе а видиме кога ќе и појде дома рашчешлано од машките!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се изнагостија убаво, убаво, преденуваа на другиот ден; вечерта појдоа дома кај дедот Паленѕа, Бојка, Стоја и другите колибари што ги хранеа по Раец и Рамништето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но сега и самиот нејќеше да му се сврши така одеднаш денот, а ако појде дома, денот се свршува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога се стемни и деврието, тропајќи, замина кон Серава, ибн Пајко појде дома за да си земе некои алишта, а најпрвин да ѝ каже на Калија дека е сето ова ујдурма и привремено, зашто со попот Ставре смислиле како да излезат поербап од валијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Веќе беше доцна, и таа мораше многу брзо да појде дома.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Мислеше: Па јас тешко ќе ги натерам и да си појдат дома, вакви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ни оти некој те сака да му појдеш дома му, ни оти пак ти влегува.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А пак Кате, додаде: „А пак кога појдеме дома и на поседа мајка и никаде не мрднува, седи со нас како другарка да ни е“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Студент на медицина, пристојно момче. Сега е појдено дома, во Ресен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Благоја со надеж го погледна. Но не ја искажа својата возбуда, сако рамнодушно рече едно „а“ и појде дома.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја фатив за рачето и си појдовме дома. А таа беше молчалива и тажна. Тагуваше за отсечените елки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ќе видиш дека пред вас ќе си појдам дома, вели, јас ја гледам куќата, вели, ене ја ондека.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да си појдат дома, да вечераат и да си легнат, заедно со кокошките, со добитокот...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)