појде (гл.) - до (предл.)

Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Требаше да стане, да појде до вратата и да ја запали сијалицата. Кога е светло не е толку страшно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стариот трговец му рече: „Добро. Ќе ти покажам. Појди до бакалницата и прашај колку е брашното.“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчјата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболка не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- А сега малку фискултура! - си рече па појде до стреата, ја пронајде таму меѓу гредите широката дрвена лопата за веење на жито и со неа застана пред вратата од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долгата стреа пред вратата и на предниот дел од колибата, беше зачувала еден појас црна земја, по која Бојан можеше да се движи, да појде до стреата, а да не загази во снег.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти си крива, ти велам јас, ти за сè крива!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ќе беше лошо да појдиш до кај бакало една франџула да купиш оти леб немаме, тато ќе нѐ отепа!“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Појдов до последната станица и пак назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Појди до некаде и — налево круг. Ајде, пак назад. Може половина час така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да месиме леб, па дури да втаса за размесување, ти да појдеш до црквичето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Перса појде до кујната по чинијата на Мурџо и откако ја накити со многу повеќе манџа отколку другите пати, излезе надвор само за да не се расплаче пред малечката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И продолжува Чедо Пелагијо, утре е недела, ќе се промениме во нови пљачки, ќе ја фатиме Пеличка за рачињата и ќе појдеме до цркавата Света Богородица отаде Вардар!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вечерта татко ми, со двајцата постари браќа појде до најблиските семејства, па веста и планот за акцијата се проширија веднаш низ Козар маало, сето готово да се жртвува за Чанга, за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Јана дојде...“ и тој рече тивко, „ќе појдеме до Реката, до ливадата! Да знаете каде сум...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Соопштението во училиштето си е така. Ако не веруваш, ајде да појдеме до таму и да прочиташ!“ се тревожеше Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со негово знаење, појде до хотелот, кај гостите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сакаш да појдеш некаде, барем со погледот да појдеш до некаде. Да видиш што има, што нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одвај го разгазувам, за да појдам до гробот од Ангелета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, не му преостанувало ништо друго освен да појде до нејзината куќа по лекови и мелеми и леле! колкава изгореница имал на лицето, под очите!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)