почувствува (гл.) - голем (прид.)

Цепенко се будеше. Откако му ја измија и преврзаа раната на главата, тој почувствува голема леснотија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Знаејќи дека ќе дојде до ова, почувствува голема потреба да ѝ помогне на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како сознав? Почувствував големо задоволство, почувствував нова творечка возбуда дури и наслада од ваквиот начин на себесоопштување.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тој момент почувствував голем излив од емоции и плачење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Стравот од тоа беше толку реален и заплашувачки, што сега Рози почувствува големо олеснување, олабавување на стегнатоста во градите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И таа ми била некој писател – си мислев – не ѝ текнувало што да напише, па сè израскажала за прстенот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ми стана жал за мене, а почувствував голема лутина спрема мајка ми, таа неправедна и неблагодарна жена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ја преминавме границата и кога до нас не допираа експлозиите на бомбите и не се слушаше бучавата на авионите, тогаш почувствував голема празнина. И болка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Малчо наеднаш почувствува големо олеснување.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)