Ја тргнал раката од чело и се загледал во треварите, едниот Никола, со шилесто лице на стар и мудар лисец, другиот, Пандил, нешто малку покус и со набиена глава во квадратни раменици на кои, без тој да почувствува тежина, можело да се смести по една вреќа овес.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се наежив сиот, ја почувствував тежината нагревот и можноста за тој грев Господ да ме казни.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таа мала измама ја предизвикал удар на внатрешен оган. Се зашеметил. Кратко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Меѓувремено тој со задоволство го шеташе својот поглед по нејзините пријатно впечатливи облици – долгникавите нозе, одвај малку дебелки, колку што е доволно човек да им ја почувствува тежината што предизвикува да ја имаш на раце и да ја поткренеш, врз коишто се вишеше нејзиниот чиниш мрзлив, но привлечен задник.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И тој вечерва, посилно од секогаш, ја почувствува тежината на својата самотност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)