почувствува (гл.) - страв (имн.)

Го запишав тоа и одеднаш почувствував страв.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас, бидејќи со мувата на капата, кротко заодив по ходникот при што почувствував страв од можноста гестаповецот да биде дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега кога ги читам нејзините редови што таа ги пишувала доцна во ноќите во собата што ја делевме јас и сестра ми Татјана на истиот кревет на кој и ние две спиевме ми се враќаат сите спомени од моето детство во кое ниту во еден момент не почувствував страв, осаменост, грижа или тага како што мајка ми ја опишува кога била на истата таа возраст.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Баба ти ги правеше еднаш варени, друг пат пржени, трет пат со малку ориз... раскажуваше мајка ми! ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се вратив во реалноста и почувствував страв - девојките на моето време, кога немажени остануваа бремени, се самоубиваа за да го сочуваат семејството од срам; или отфрлени од семејствата заминуваа од дома и заработуваа како проститутки; или тајно абортираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежев на болничкиот кревет, со рацете на стомакот, и гледав во белиот таван над себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Победникот- везир почувствува страв од животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И во ова утро везирот беше уморен и ненаспан, ама мирен и прибран; клепките му беа тешки, а лицето како заледено во свежината на утрото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Извесно време гледаше низ прозорецот, а потоа, или погледот му се замори, или почувствува страв од непознатите предели во кои автобусот почна да навлегува, почна да ги затвора очите, да дреме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)