почувствува (гл.) - задоволство (имн.)

Едо, во себе, почувствува задоволство поради залакот што ѝ го тутна за преџвакување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што убаво по неговите страници би се пишувало, си рече во себе и по целото тело почувствува задоволство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во мигот почувствував задоволство од факт што успешно функционираше македонската оска во југословенската федерација!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И не можеше во ништо да почувствува задоволство, зашто во сѐ брзаше, сѐ доаѓаше едно преку друто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)