почнува (гл.) - од (предл.)

Низ едноставниот одвивачки образец на космичката еволуција, кој претставува вистинска историја на човечкиот род, а кој го сочинуваат: почнувајќи од геа- суперниорниот, атомите, Земјата како макроскопска материја, свесноста, преку менталното себство и универзалниот дух,па сѐ до квантниот вакум, можеме да се пронајдеме себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што ви реков на почетокот, ќе дојдеме до осознавање на самите себе, полека тивко: почнувајќи од Геа-супернитот...потоа, атомите наши... па, Земјата...потоа, свесноста...па, себството...сѐ до универзалниот дух- вакуум и повторно до Геа..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа, неговите корени ги наоѓаме во некои авангардни движења неколку десетлетија порано - во поштенските акции на дадаистите и футуристите, на пример, почнувајќи од втората деценија навака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Баге, пак, сиот во модрици, од глава до петици, небаре паберка од модар патлиџан што го фатила зимска слана, така што кога го исправаа на нозе чувствуваше болка по сета снага, почнувајќи од табаните, натечени како ленени снопови во застоена локва, па до темето каде што во некој агол од малиот мозок уште му догоруваше кандилцето на свеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И реши, на крајот, потпирајќи се врз француски архивски прирачници со позитивистичка ориентација, сиџилите да ги средува според хронолошкиот критериум, почнувајќи од далечната 1600 година па сѐ до 1912.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Почнувајќи од 1917 година, по Октомвриската револуција атеизмот добива нови облици и импулси од силното влијание на марксистичко-ленинистичката идеологија за конечно во периодот на сталинизмот да дојде до силни репресии на клерот, урнување верски објекти и нивна пренамена, како и создавање први атеистички музеи во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рикаа ли тоа сите можни страсти во неговиот ум, почнувајќи од прејаденоста што понатаму ја произведуваше желбата за блуд, мрзливоста, самофалбата, лакомоста, самољубието!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во една и иста кафеана секој ден се сретнувам со другарите и до пладне се потсетуваме на нашите млади времиња, умуваме за тоа кој каква глупост вчера истреска на телевизија, па дома на ручек и потоа дремка со весникот во скутот и до доцна во ноќта се караш со оние од екранот на кои им се чини дека светот почнува од нив. Лигавење до немај каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, почнувајќи од почетокот на 1903 година, започнале да се организираат и такви акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сосем блиски по духот, а далечини по формата, се бројните алегории и параболи со елементи на фантастика со ретки содржини, почнувајќи од поетските параболи (Куќа) или кошмарните визии (Писание за ѕвероглавите, Специјалист по чудни болести) и алегориите (Потоп, Студ, Кула, Писмо, Старицата и деветте кучиња) со стокмени значења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
152. Ваквите становишта на Мисирков по овие прашања се обработувани или засегнувани во повеќе трудови, почнувајќи од неговото предавање за Марко пред студентите во С.Петербург и неговата дипломска работа /1902/, па сѐ до неговите последни статии во софиските македонски и бугарски весници /1923-1925/.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зад него стоел неговиот шестгодишен син со обетка на левото уво; косата, како и кај таткото, почнувала од веѓите; уште некоја година и од ушите ќе му пробијат влакненца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело и од подалеку да се види дека е погрд од својата вчерашна грдост, онаков - ненаспан и недоверлив, повеќе со намера да предизвикува отколку да заштитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Почнуваше од првиот поглед пред хотелот Куба на матурската забава преку првиот допир на рацете во паркот зад стадионот, до бакнежот што траеше вечност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Свештеничкото жртвување на косата исто така е и симбол на кастрација“, наведува Ерих Нојман.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Жртвувањето на косата на мажот е древен знак за свештеничка позиција, почнувајќи од потполно истрижените глави на египетските хиерофанти до тонзурата на католичките свештеници и будистички калуѓери.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И овде почнувам од нула, од најдолу. Од понижување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Почнувам од најдолното скалило, на луѓето со најмалку вредности, па сѐ до оние што најмногу вредат. Се разбира, според мерилото за успешност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Почнуваме од почеток. Секогаш има нешто што почнува. Тоа нѐ плаши, непознато е.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Феноменот коцкање е многу интересна тема. Стоиш така пред рулетот и ти се накрева сета енергија, почнувајќи од гениталната чакра.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Почнувајќи од телевизиите, емисиите, модните списанија, продавниците, улиците.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За волја на вистината, треба да се истакне дека во Тунис со Уставот од 1959 година се воспостави повеќепартиски систем, но почнувајќи од 1963 година, фактички постоеше само владеачката Уставна социјалистичка партија (поранешниот Дестур и Неодестур).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еден султан, според сиџилите, испратил ферман до битолските кадии, против раширеното муфте меѓу кадиите во којшто пишувало: Ви пратив ферман да не се зема ништо почнувајќи од акче (сребрена пара) до кози, овци и сѐ друго од рајата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ама вие пак земате муфте. Заслужувате да ве нема!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така балканската историја реши да ја открива и запишува според појави кои ја опфаќаа тотално балканската историја, во периодите на сите империи, почнувајќи од античките (илирската, македонската, грчката, римската, византиската, отоманскатаосманската, австроунгарската, фашистичката, социјалкомунистичката).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, откако му наздрави на Татко да му биде долг животот и вечни книгите, мигум побара да ја види библиотеката која, всушност, почнуваше од ѕидовите на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сфаќаш ли дека минатото почнувајќи од вчера е укинато ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа се отцепувала една нова средна група, од некоја од двете други групи, или и од двете, и борбата почнувала од почеток.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И навистина, по крвавиот опис за уништувањето на евразиската армија, со вчудовидувачки бројки за убиените и заробените, уследи соопштението дека, почнувајќи од идната недела, следувањето на чоколада ќе биде намалено од триесет грама на дваесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Присутните, почнувајќи од мудурот и дедот поп Глигорија, заплескаа со раце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој почнуваше од малото селце Соколово на Дрина кај Вишеград во кое околу 1505 или 1506 година се роди обично машко дете во едно сиромашно селско семејство.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Италија подготвуваше инвазија на Балканот почнувајќи од нашата земја – рече замислено Татко. – Ти ја прикриваше својата вознемиреност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На сите им беше заедничка амбицијата како да си ја задржат власта над луѓето во езерската земја, почнувајќи од функционерите од локално, па сѐ до републичко и федерално ниво.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го поведе во својот дом, веднаш поминаа во лабораторијата - работилница, во која Игор Лозински ја создаваше својата единствена музејска колекција на највидните претставници на флората и фауната на Езерото, почнувајќи од невидливите микроорганизми па сѐ до препарираните птици, риби и цицачи кои живееја во Езерото и околу него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Брацо Димитријевиќ „Намерата ми беше да создадам еден контра-модел и да предложам контра-став на постојната, доминантна мисла“, вели Брацо Димитријевиќ (р. 1948 година, Сараево, поранешна Југославија)140 за неговата серија Случајни минувачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Почнувајќи од 1971 година, со Случајни минувачи кои ги сретнав во 13:15, 16:23 и 18:11 во Загреб, што се состои од серија фотографии на минувачи снимени во наведените времиња, зголемени на 2x3м и закачени на централната фасада од главниот плоштад во Загреб, Димитријевиќ изложува џиновски фото-портрети на непознати лица кои ги сретнал случајно, на јавни места и во формат што обично се поврзува со рекламирањето и политичката иконографија - како билборди, на автобуси, во метроа, на фасади од згради, итн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не почнуваат од нашите стапалки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, тој занает, почнувајќи од сега и наредните три-четири дена јас ќе ви го научам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите се мршојадци под тенката ципа манири. Почнувајќи од мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нивниот суштински проект не беше сликарски проект; Duchamp се обидуваше на традиционалните сликарски средства да им ги придружи оние најмалку очекуваните: користејќи ги, за создавање на своите форми, по ред, оловната жица, калајот, прашината, талкот, колачот од бадем и чоколадото во прав, како што Leonardo потполно сам пронајде нов начин да се излие бронзен коњ, но и експериментирајќи со ѕидното сликарство, почнувајќи од техниките кои веќе немаат никаква врска со фреско-сликарството, туку се потпираат на температа и енкаустиката.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ми се чини дека тогаш ништо не беше нормално. Почнувајќи од него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)