почне (гл.) - тивко (прил.)

Ја обзеде нов страв дека одвратниот предмет може секој момент да скокне врз неа и затоа почна тивко и внимателно да се повлекува наназад, без да ги тргне очите од змијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа Кети си дојде на себе и почна тивко да плаче...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А куклата не можеше да спие, зашто секогаш имаше огворени очи, па го долепи своето устиче до увото на Снежана и почна тивко, шегнешкум да ѝ раскажува за чудното, полноќно патување.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И наместо тоа, таа почна тивко да се моли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)