почне (гл.) - одново (прил.)

Се задими целото сретсело и засмрде на курешници, што им ги ставија под главите на обесените, а тие што беа испружени и стенкаа со искршени коски од бој, почнаа одново да пиштат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Народот спиште при овие глетки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Винстон се наведна и внимателно се почеша по напнатата вена. Беше почнала одново да го клука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се сврте од креветот и почна одново да шета горе-долу, со едната рака во џебот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очите на старецот одеднаш заблеснаа од радост и тој почна одново, брзо и возбудено да говори: - Послушајте, послушајте!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Господи, се почнува одново.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ајде, одговори за да не почнам одново.“ Ги отвори очите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Почнав одново да каш-лам, да замалувам и на жената ѝ дојде нешто како криво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Или ќе се почне одново, или нема да се постои.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
– Викни го, Феруз, Арслан-ага нека дојде – нареди Мехмед и почна одново да ја разгледува Анѓа, да се чуди и да ја врти главата;
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Погледај го пак мојов цртеж и почни одново!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција, доселениците од Македонија севезден повторуваат и потретуваат дека каде што има селидби, има и опустошени цели села и градови, има талкања по улиците во новите градови, каде што сè почнува одново.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Таткото, глав­ниот лик во романот, постојано настојува да дознае зошто во овој порочен балкански круг, во кој секогаш треба да се почнува одново, било одлучено од највисоко место – да се уништат козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сѐ почнува одново: одново почнува секогаш време, човек време во човек, лет а ѓаволов свет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)