почне (гл.) - како (прил.)

Така, кога го разгледуваме предлогот дека животот е создаден со постојано раскажување и прераскажување на искуството, ние го разгледуваме процесот на „недетерминираност внатре во детерминираноста“, или на она што Герц (Geertz, 1986) го нарекува „копирање коешто создава“: Клучното прашање (невкусно и изведено од заблуда) го поставува Лајонел Трилинг (Lionel Trilling), естетичар од осумнаесеттиот век: - „Како се случи сите ние да почнеме како Оригинали а завршуваме како копии?“ - и открива ... одговор кој е изненадувачки уверлив: „Копирањето е тоа кое создава“. (стр. 380)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Последица од овие празнини, недоследности и контрадикторности е одредена недетерминираност во животот; токму тие празнини, недоследности и контрадикторности се она што ја поттикнува индивидуата активно да се ангажира во изведувањето на единствено значење или, како што вели Брунер (1990) во „создавањето-значење“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа го отвори дневникот и часот почна како ништо да не се беше случило.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)