почне (гл.) - брзо (прил.)

Најдо ги ококори очите и ги рашири носните дупки, та почна брзо да дише.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дајреџијата простенка од болка и почна брзо да удира по дајрето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поттикнат од некаква магична сила сликарот почна брзо да поминува со четката по платното... Момата незабележно исчезна...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Што, што, што? како да штука почна брзо и исплашено. - Што сакаш ти?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога влегов кај нив, почнаа брзо да ми поставуваат стапици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Приказната за работата на Лири почнува брзо да се шири, така што дипломците чекаат на ред за да се приклучат кон експериментите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Устата ѝ беше намачкана со црвен кармин за усни, а во косата направена во кок имаше сребрена обетка со зелено стакленце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаев дека тоа ќе ја натера и неа, и нејзиниот соучесник, најверојатно убиецот од Калемегдан, да се откријат и да почнат брзо да дејствуваат додека обетката, што одвај ја открија кај мене, не замине од моите раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жена му почна брзо да зборува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)