почне (гл.) - негов (прид.)

А тој лесно не се дава в раце, па не е ни право да го дадеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не а бива ваа со Толета, луѓе, — почна неговиот пријател Гуле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од таа болка почна неговата смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На главниот автопат, делот од патот по кој Даниел возеше, мораше да застане и да почека малку пред да почне неговиот камионет да се вклучува во реката од сообраќај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во онаа пролет на планина кога почна неговото долго умирање. Да овој час кај втората Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Грижите на работата во Комесаријатот му го толчат мозокот и штом ќе има малку послободно време, мислите му се ројат како пчели во темна кошница и тогаш почнуваат неговите неиздржливи главоболки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зашто ова место, поточно, повеќе ги предизвикува неодредените соништа на граничната линија на два света, отколку цврсто да се одлучи по која насока ќе се појде штом таму почнува неговата скитија, би се посакало, нема сомнение, никогаш да не заврши, за да нема што да избере.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не вложуваше голема надеж и во овој обид, не само за да не биде исто толку разочаран од негативниот исход туку и затоа што веќе беше отрпнат од неуспеси со кои продолжуваше како што и почна неговиот живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оттогаш почнува неговото филмско патешествие од кое, на крајот, ќе се родат 53 филма, од кои секој претставува едно, повисоко, скалило кон совршениот пат на поетиката на филмската режија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Види, бога ти, треба човек да умре, па дури тогаш почнуваат неговите познати да го откриваат неговиот карактер и празнината што остана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најпосле, по брза постапка, беше донесен Законот за забрана на чување на козите, но сѐ уште не беше објавен во Службениот весник на државата за да почне неговото спроведување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)