почне (гл.) - еден (прид.)

Сигурно за пари нѐ собраа, – почна едно дванаесетгодишно момченце, чувствувајќи се најхрабро како највозрасно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И оттогаш почна еден посебен вид заинтересираност еден за друг, детска допадливост.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мојата криза почна еден ден пред втори август , па веднаш Свети Илија ми прискочи напомош, имавме храна сѐ додека не ја надминав кризата...пророкот Илија живеел деветстотини години пред Исуса Христа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)