почне (гл.) - старост (имн.)

Тешко говорам, оче Доситеј. Пред неколку дни, погледни, во устава ми жугнаа нови заби и почна моето второ детство како некогаш, кога имав шеснаесет години, што почна староста на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И им го раскажал крајот на настаните од времето на Проказниковата дружина: ако преживее, ќе испече брав и ќе ја прослави победата, потоа ќе седне во манастирска ќелија и, одржувајќи го животот со танко, селско винце, ќе ја доиспише историјата од онаа илјада осумстотини триесет и петта година: како со децении да собирал искинати и расфрлени парчиња од писмо, некако сепак го дознал крајот на настанот по смртта на Лозан Перуника што се простил од писмениот човек во мантија во времето на Балканските војни ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)